Поврзете се со нас

Шпанија

Ракитиќ ја напушта Севилја и се сели во Саудиска Арабија

Објавено

на

Foto:twitter.com/SevillaFC

Поранешниот хрватски репрезентативец, Иван Ракитиќ, донел конечна одлука и ќе ја напушти Севилја во актуелниот преоден рок.

35-годишниот фудбалер имаше договор со шпанскиот прволигаш до крајот на сезоната, а сега станува јасно дека ќе ја напушти Андалузија нешто порано и ќе потпише за Ал Шабаб од Саудиска Арабија.

Амбициозниот клуб од азиската земја постигнал договор со Севилја да го добие Ракитиќ уште во јануари, а „Релево“ открива дека тој веќе се збогувал со соиграчите и нема да биде во комбинација за дуелот со Осасуна.

Ал Шабаб ќе го вметне Ракитиќ на својот платен список и ќе го ослободи шпанскиот клуб од обврските кон еден од најплатените играчи во тимот.

Член на Ал Шабаб е Јаник Караско, а до неодамна таму беше и Евер Банега, поранешен играч на Севилја.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни