Ракитиќ: Гризман го уништи мојот сон, ама…

rakitic

Антоан Гризман е еден од играчите кој во изминативе недели и денови постојано се доверува во контекс со Барселона, клуб кој посакуваше да го ангажира минатата сезона, но Французинот на крајот се одлучи да остане во Атлетико Мадрид.

Сега напаѓач сака да си замине од „Ванда Метрополитано“ и тоа јавно го соопшти, па според медиумите тоа е еден јасен сигнал дека тој ќе слета на „Камп Ноу“. Меѓутоа засега нема ништо конкретно, официјално на оваа тема и затоа се вртат многу информации, а една од нив беше дека соблекувалната на Барселона е против доаѓањето на Гризман.

Колку е тоа вистина тешко е да се потврди, но ако се прашува само Иван Ракитиќ тогаш Антоан има зелено светло за преселба кај каталонците. Хрватот е подготвен да го пречека францускиот интернационалец на кого му замерува една работа-поразот кој тој и колегите им го нанесоа на „коцкестите“ на финалетот на СП во Русија.

-Би сакал да го имам Гризман во мојот тим. Освен фактот што минатата година ме оттргна од мојот сон за освојување на Светското првенство, навистина ми се допаѓа. Tој е топ играч, еден од најдобрите на светот. Има скоро се освоено и може да се пресели во секоја екипа, -истакна Хрватот кој го прокоментира потегот на Гризман од минатата година кога во последен момент и даде корпа на Барселона за да остане во Атлетико Мадрид.

-Тоа не беше одлука против Барселона или против некој друг. Тоа беше во корист на Атлетико Мадрид. Му честитам за тоа и ако дојде тука ќе се ракувам и ќе му кажам дека го почитувам за одлуката, дополни Ракитиќ за „Мундо Депортиво“.

Facebook Коментари