Ракитиќ ги отвори картите и најави можен расплет ако не се промени тешката ситуација: Не го сакам ова

rakitic-valverde1

Иван Ракитиќ без никаков сомнеж ги доживува најтешките моменти откако во 2014-та година потпиша за Барселона, но во неговиот случај, не треба да се оди до толку далеку, бидејќи потребно е да се направи споредба само со она што го правеше минатата сезона.

Ако се направи една паралела за стартот на минатата и актуелната натпреварувачка сезона, Рактииќ има одиграно 631 минута помалку, или поточно, во штотуку започнатата кампања, Хрватот собра само 160 минути откако се најде во немилост на тренерот Ернесто Вавлерде. Тренерот на Барса вели дека нема лично против Ракитиќ и дека во овој момент останатите играчи имаа предност, но за фудаблер од калибарот на Хрватот, недозволиво е толку долго да чека на клупата.

Неговата ситуација е специфична поради повеќе причини, а најмногу поради тоа што пред самиот крај на летниот преоден рок, имаше сериозна понуда за трансфер во Јувентус, којашто Барселона неочекувано ја одби. Ракитиќ сега самиот е свесен дека ваквиот епилог не е воопшто поволен за него, па јасно стави до знаење дека ќе мора да реагира доколку работите не се променат.

– Не знам што носи иднината. Ова е тешко за мене, сакам да играм и да бидам дел од тимот. Ќе направам се што е во моја моќ да ги сменам работите на следните натпревари. Ми преостануваат уште две години од договорот и нема подобро место од Барселона за играње фудбал. Тоа е најдобриот клуб во светот, но потребно ми е да играм и да уживам во фудбалот, а не само да шетам низ градот и покрај морето. Не го сакам ова, – вели Ракитиќ за хрватски „24сата“ и додава.

– Не е тајна дека ме сакаа други клубови и дека имав други опции. Се уште и посакувам се најдобро на Барселона, сакам да себорам за овој тим и подготвен сум да излезам на терен кога треба да помогнам. Сакам да им се заблагодарам на фановите за поддршката која ја добив изминатиов викенд. Но, ако видам дека ништо не се менува, ќе мора повторно да седнам со клубот и да зборуваме за мојата иднина, – додава Хрватот кој не исклучува трансфер уште во јануари.

Facebook Коментари