Поврзете се со нас

Репрезентација

Ракип си посака ривал за баражот за СП: Многумина ја потценуваат Македонија, но…..

Објавено

на

Ердал Ракип поради проблеми со коленото отпадна во последен момент за натпреварите против Ерменија и Исланд и не беше дел од македонската експедиција која испиша нова фудбалска историја, но фудбалерот кој е растен во Шведска им порача на тамошните медиуми дека не треба да ја посакуваат Македонија како нивни противник.

Ракип со големо задоволство го проследил пласманот на баражот за Светското првенство, турнир на кој се надева дека ќе може да им помогне на соиграчите во кои има навистина голема верба.

Во разговор за шведските медиуми, Ракип потенцира дека најдобро ќе биде ако Македонија ги избегне Италија и Португалија од носителите во првата група од шест репрезентации, додека нагласува дека би имале идентични шанси за пласман во финалето на баражот доколку ни се падне Шведска која исто така е фаворит и ќе добие неносител за противник.

– Многумина ја потценуваат Македонија и така гледаат на нас. Но, ное играме добар фудбал, играме исто против било кого. Ја играме нашата игра и не се плашиме од противникот. Со заминувањето на Пандев се појави дупка, но доаѓаат нови млади фудбалери.

– Што се однесува до можните противници, сите се силни. Сепак, мислам дека најдобро ќе биде да се избегнат Италија или Португалија кои се најсилни селекции, Шведска не би била идеална ждрепка, но шансите би биле 50-50. Навистина мислам дека би било 50-50 против Шведска, ќе победи оној што ќе има подобар ден и подобра концентрација, – порачува Ракип.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни