Поврзете се со нас

Англија

Рајт призна дека донел погрешен заклучок за една ѕвезда на Ливерпул: Сега е брилијантен

Објавено

на

Foto:x.com/LFC

Арне Слот успеа да однесе неколку играчи на Ливерпул на повисоко ниво оваа сезона, а тука пред се доаѓаат до израз тројца фудбалери за врска, односно Собослаи, Гравенберх и Куртис Џонс.

Холандскиот стручњак успева да го извлече најдоброто од тројцата и средниот ред на „црвените“ изгледа навистина моќно и доминантно, нешто што го заклучуваат и поранешните легенди на Премиер лигата.

Јан Рајт е импресиониран од оваа тројка на Ливерпул, а по победата остварена на „Итихад“, призна дека имал многу лоша проценка за Домининик Собослаи до пред само неколку месеци.

– Собослаи „кликна“ во последно време, а се сеќавам дека пред само два месеци велев дека не знам што прави и каква улога има на теренот. Гледајќи го сега, ќе кажам дека Ливерпул има и повеќе од „осмица“, во него има „осмица ипол“! Тој е брилијантен во последно време, – вели Рајт и додава.

– Никој не го очекуваше ова од него, но истото важи и за Гревенберх и Куртис. Очигледно е дека работите одат во најдобар ред за Слот. Сите зборуваа за неуспешниот трансфер на Зубименди, но Гравенберх истапи и целосно ја „заклучи“ средината. Тој сега е недопирлив во првиот тим на Ливерпул, – анализира легендарниот напаѓач на Арсенал.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни