Поврзете се со нас

Европски првенства

Рајт му одговори на Саутгејт: Не е во право дека Англија нема замена за Филипс

Објавено

на

Фото: https://www.instagram.com/alanshearer

Англичаните досега освоија четири бода на ЕП во Германија, но не успеаја да ги оправдаат очекувањата како еден од главните фаворити за триумф на ова првенство.

Избраниците на селекторот Герет Саутгејт и вчера не успеаја да го поправат впечатокот, а селекторот не го постигна посакуваниот ефект и со повлечените потези во текот на мечот.

По средбата, тој истакнал дека на Англија и недостасува наследник на Калвин Филипс во средниот ред, за што заработи одговор од легендарниот Иан Рајт.

– Го слушав Саутгејт и тој кажа дека Филипс е единствениот фудбалер кој може да игра на таа позиција. Јас не се сложувам.

– Мислам дека Адам Вортон и Коби Мејну можат да испорачаат на таа позиција, а тој ги има во составот.

– Јас веројатно би се одлучил за играчот на Кристал Палас. Го гледав во финишот на сезоната и ме импресионираше со стабилноста и смиреноста, тој е многу интелигентен играч кој може да испорача добри додавања. Ме потсетува на Фабијан Руиз, – рекол Рајт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни