Поврзете се со нас

Англија

Рајт: Ливерпул таргетираше еден играч на Јунајтед

Објавено

на

Foto:x.com/LFC

Манчестер Јунајтед изминатиот викенд имаше прв вистински тест на домашен терен во новата сезона, но Ливерпул уште еднаш се покажа како преголем залак за избраниците на Ерик Тен Хаг, за што говори и конечниот резултат.

Ливерпул славеше со 0:3, а можеше да постигне уште најмалку три гола во мрежата на Андре Онана, нешто што уште еднаш ја демонстрира разликата во квалитет меѓу двата тима, но дава значење и на методите кои ги воспостави Арне Слот за доста брзо време во Ливерпул.

Холанѓанецот брзо ја проследи својата методологија и истата е навистина добро прифатена од ѕвездите на Ливерпул, кои на стартот на сезоната изгледаат идентично опасно како во најдобрите денови под водство на Јирген Клоп.

Ливерпул вршеше неверојатен пресинг во зачетокот на акциите на Јунајтед и успеа да украде безброј топки на овој дел од теренот, а Јан Рајт вели дека Касемиро бил играчот кој бил таргетиран од страна на гостинските фудбалери.

– Арне Слот не се шегува и воопшто не глуми. Таков е каков што е, знае дека има извонредни фудбалери и брзо ги проследи своите идеи. Неговите играчи играа со голем интензитет, Манчестер Јунајтед не можеше да ги следи.

– Пресингот кој го вршеа играчите на Ливерпул беше извонреден и ми падна малку жал за Касемиро. Колку и да беше добар играч во минатото, сегашните играчи на Ливерпул беа предобри за него. Сигурен сум дека тој беше таргетиран играч од фудбалерите на Ливерпул. Високиот пресинг направи големи проблеми за него и тоа беше брилијантно одработено од Арне Слот и играчите на гостинскиот тим, – вели Рајт.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни