Поврзете се со нас

Англија

Рајт даде прогноза за дербито меѓу Челси и Тотенхем

Објавено

на

Утре од 17:30 часот се игра дербито во Премиер лигата меѓу Челси и Тотенхем, дуел кој воедно е пресметка на Френк Лампард и Жозе Мурињо, луѓе кои добро се познават од времето додека заедно беа во таборот на „сините“.

Тотенхем мечот на „Стемфорд Бриџ“ ќе го започна со два бода повеќе од градскиот ривал, а тоа е уште еден податок кој говори, дава надеж дека пред нас е многу интересна возбудлива пресметка. Околу истата се огласи поранешниот англиски репрезентативец, Иан Рајт кој се обидува да го истипува мечот со точен резултат.

-Типувам на нерешен резултат, веројатно 2-2 или нешто слично. Сакам без победник да заврши тој натпревар, -порача Рајт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни