Лига на шампиони
Рајс за „виновникот“ за победата на Арсенал: Постојано ни порачуваше…

Арсенал ги доби Реал Мадрид со 3-0 и со една нога веќе е во полуфиналето на Лигата на шампионите.
Ова е огромен резултат за премиерлигашот, победа од три разлика против актуелниот европски првак, победа која мора да биде потврдена и во Мадрид, но повеќе од јасно е дека „топчиите“ се во идеална позиција да обезбедат место во наредната рунда.
Херој на клубот од Лондон беше Деклан Рајс кој постигна два фантастични погодоци од слободен удар, два први негови голови од прекин во кариерата и тоа во каков момент, на каков натпревар.
-Првично требаше да ја нафрлам топката. Но, ја видов позицијата на голманот и живиот ѕид и отидов на директен удар. Кај вториот чувствував самодоверба. Среќен сум, надвор од себе. За неколку години ова ќе ме удри и можеби ќе бидам посвесен дека навистина направив нешто посебно вечерва. И Сака ми рече да работам по чувство, -вели Рајс кој го посочи менаџерот Микел Артета како клучен фактор за победата.
-Ова менаџерот ни го говореша, вака ни порачуваше цела недела: „Мораме да бидеме супер уверени дека можеме да победиме“. Бевме навистина сигурни дека ќе победиме. Знаевме дека треба да постигнеме голови во вториот дел и го направивме тоа, -подвлече англискиот репрезентативец.
-
Шпанија10 часа
Анчелоти обелодени каква била реакцијата на Перез и посочи што најмногу го повредило од елиминацијата во ЛШ
-
НБА10 часа
Дејвис направи „бунар“ и се пожали на повреда, камерата се сврте кон човекот кој се откажа од Дончиќ (Видео)
-
Лига на шампиони12 часа
Ханси Флик обелодени каков впечаток му оставил Интер и издвои еден играч: Едвај чекам да го видам
-
НБА13 часа
Дончиќ откри дека го искршил својот телефон откако дознал за трејдот во Лејкерс, покажа и како изгледа (Видео)
-
Англија11 часа
Откако не се докажа и под водство на Слот: Ливерпул чека понуди за најскапиот играч во својата историја
-
Лига на шампиони7 часа
Фердинанд има фаворит за пехарот во ЛШ: Тие ќе бидат шампиони
-
Шпанија5 часа
Нов инфаркт меч меѓу Барселона и Селта Виго: Каталонците со луд пресврт до голема победа на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанија10 часа
Бордалас расплака играч на Хетафе, па порача: Ова е професионален фудбал