Поврзете се со нас

Англија

Рајс: Требаше да му дадеме десет гола на Тотенхем

Објавено

на

Foto:x.com/Arsenal

Екипата на Арсенал им се врати на победите и тоа во градското дерби против Тотенхем, дерби на кое ги освои трите бода со резултат 2-1.

„Топчиите“ во претходниов период беа елиминирани во ФА Купот, загубија од Њукасл во полуфиналето на Лига Купот, додека претходно освоија само бод против Брајтон, па токму поради тоа многу се посакуваше победа против „петлите“, триумф кој го оствари со два погодоци и пресврт во првото полувреме.

Деклан Рајс е среќен поради освоените три бода, ама и не за конечниот резултат.

-Вечерва значеше повеќе од се. Првите 45 минути беа само чиста доминација и покажавме намера, желба, притисок. Можеше да се каже дека е дерби и да бидам искрен, мислам дека немаме среќа што не постигнавме 10 гола! Тоа е чувството, -рече Рајс кој посочи дека очекува засилување во овој преоден рок.

-Го загубивме Габи [Жезус], тој веројатно ќе отсуствува една година. Навистина е тешко. Сигурен сум дека менаџерот ќе бара нешто бидејќи моравме да го доведеме Тирни на крило. Таму сме малку кратки. Не би бил изненаден ако направиме нешто, -заврши Англичанецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни