Поврзете се со нас

Англија

Рајс откри кое јадење му помага за натпреварите во Арсенал: Првично бев шокиран

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Arsenal

Деклан Рајс се покажа како одлично засилување за Арсенал, клуб кој мораше да му исплати на Вест Хем сума поголема од 100 милиони евра, а по крајот на сезоната се фокусира на настапот за својата репрезентација на ЕП во Германија.

Во едно интервју, Рајс открил кое јадење му помага и не заборава да го консумира пред натпреварите, иако признава дека првично бил шокиран од концептот.

– Пред натпревар јадам четири палачинки со сируп или мед, верувајте ми тоа е најдобра работа што постои.

– Кога дојдов во Арсенал, ги видов фудбалерите како јадат палачинки пред натпреварите и бев шокиран, помислив „Што се случува овде?“.

– Тоа јадење ми помогна, па иако не знам точно што е вистинската причина, добивам неверојатен енергетски потенцијал. Ако играме во 17:30 часот, можам да изедам и осум пред натпревар, – рекол Рајс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни