Поврзете се со нас

Англија

Рајс откри каква порака им испратил уништениот Грилиш откако остана без Европско првенство

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/WestHam

Џек Грилиш беше најголемата англиска ѕвезда која остана без шанса да настапи на Европско првенство, откако селекторот Герет Саутгејт реши ѕвездата на Манчестер Сити да биде еден од седумте прецртани.

Ако изоставувањето на Хари Мегваер е последица на повреда која не успеа да ја надмине, одлуката на Грилиш е чисто техничка, па затоа овој потег на Саутгејт предизвика најголемо внимание во јавноста.

Многумина не можат да сфатат како селекторот се реши да се откажа од играч кој може да реши натпревар со еден потег, но очигледно е дека лошата сезона во Сити на крајот го чинеше многу, исто како што е случајот и со Џејмс Мадисон.

– Џек и Џејмс се моите двајца најдобри пријатели во репрезеентацијата и двајцата се уништени. Ние сме многу сплотени како тим и никој не беше среќен од вестите кои беа соопштени, – вели ѕвездата на Арсенал.

– Беа навистина уништени, но истовремено и позитивни пред групата. Двајцата беа најдобро настроени и ни посакаа среќа на Европското првенство, исто како што направија и останатите кои не се најдоа на завршниот список, – открива Рајс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни