Поврзете се со нас

Лига на нации

Рајс објасни зошто не го прослави погодокот против Ирска

Објавено

на

foto: x.com/HKane

Англија рутински го освои Даблин на денешниот меч во рамките на Лигата на нации или поточно дојде до триумф над Република Ирска со 2-0 со погодоците на Деклан Рајс и Џек Грилиш.

„Змиите“ Рајс и Грилиш ја „каснаа“ Ирска, Ерменија со „тројка“ пред гостувањето во Скопје (ВИДЕО)

Рајс и Грилиш се двајца играчи кои во минатото настапуваа за младите селекции на Ирска за да потоа донесат одлука да и се посветат на Англија, поточно ги бранат боите на овој национален тим.

Двајцата не беа добро дочекани во Ирска, имаше банери, фотографии на кои стоеше дека се змии, па дефинитивно имаше емоции. Деклан по голот воопшто не славеше, додека пак ситуацијата со Џек беше сосема спротивно како ништо да немал во минатото со Ирците.

Токму Рајс беше запрашан за потегот, кренатите раце по погодокот, а неговиот одговор беше следен:

-Мојата баба и дедо од страната на татко ми се сите Ирци, тие се починати и не се повеќе тука. Мислам да славев тоа ќе беше навистина непочитување од мене бидејќи тие повеќе не се тука. И бидејќи тие беа родители на татко ми, не сакав да го направам тоа, да бидам искрен со тебе.

-Имав толку неверојатно време играјќи за Ирска, во првиот тим, до 19 години, до 21 година, тие беа прекрасни спомени кои живеат со мене. Немам лош збор да кажам да бидам искрен со вас. Им посакувам се најдобро како што секогаш правам со секого, -истакна членот на Арсенал.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни