Поврзете се со нас

Европски првенства

Рајс на удар на свој колега: Тој не е светска класа и не може да се споредува со Родри и Крос

Објавено

на

Foto:twitter.com/England

Неубедливите настапи на англиската фудбалска репрезентација на ЕП во Германија ги загрижија фановите на актуелниот европски вицешампион, а стручните коментатори и поранешните фудбалери инсистираат дека селекторот Герет Саутгејт мора да направи порадикални промени и да остави дел од големите ѕвезди на клупата.

Саутгејт (ин)директно е обвинет дека премногу им верува на најголемите имиња во составот, а тие не носат посакуван ефект, а еден од критикуваните играчи е и Деклан Рајс.

Жесток коментар на сметка на Рајс стигна од ирскиот фудбалер Џејмс МекКлин, кој во живо во своето телевизиско гостување истакнал дека играчот за врска на Арсенал е преценет и не е фудбалер од светска класа.

– Мислам дека Рајс е преценет. Не ме сфаќајте погрешно, тој е одличен фудбалер, но начинот на кој англиските медиуми „пишуваат поезија“ за него е претеран.

– За мене, тој не е играч од светска класа, фудбалерите од светска класа имаат ист ефект во секој тим во кој настапуваат. Тој не би добил место пред Родри во Манчестер Сити. За мене Тони Крос е светска класа, тој ја диктира играта во своите тимови, Родри диктира темпо во Сити и Шпанија. Рајс не го прави тоа, – истакнал МекКлин, кој настапуваше за повеќе екипи во Премиер лигата, а сега е член на амбициозниот Врексам.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни