Поврзете се со нас

Англија

Рајс има фрактура, виси неговиот настап против Челси

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Arsenal

Деклан Рајс го пропушти гостувањето на Арсенал кај Интер, а дополнителните прегледи покажале дека неговиот проблем и не е така наивен.

Англискиот репрезентативец имал фрактура на прст на ногата и факт е дека му е потребно време за целосно да се рехабилитира, но барем засега не е потврдено дали ќе го пропушти дербито со Челси.

Рајс ја заработи повредата на дуелот со Њукасл и сега Микел Артета добил навистина лоша информација, имајќи ја предвид лошата резултатска серија и желбата „топчиите“ да им се вратат на победите во домашното првенство.

Англиските медиуми тврдат дека лекарскиот тим е позитивен во однос на шансите Рајс да настапи во недела, менаџирајќи ја болката со инјекции, иако и тоа сигурно претставува одреден ризик за фудбалерот.

Арсенал веќе заостанува седум бодови зад лидерот Ливерпул и уште еден кикс ќе значи голем удар за амбициите на лондонскиот клуб да се бори за титулата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни