Англија
Рајс: Арсенал научи многу од грешките од минатата сезона

Арсенал минатата сезона не успеа да ја задржи предноста пред Манчестер Сити и остана без толку посакуваната титула во Премиер лигата, но Микел Артета и неговите играчи оваа сезона имаат слични амбиции и веројатно подобар состав да ги реализираат.
Засилувањето Деклан Рајс зборувал за ситуацијата во екипата откако се преселил на „Емирејтс“, потврдувајќи го разочарувањето кај новите соиграчи.
– Минатата сезона Арсенал беше најдобар тим во лигата, но не успеа да издржи во финишот, кога Сити е вообичаено силен. Фудбалерите велат дека не можат да поверуваат дека ја испуштиле титулата иако имале осум бода повеќе од ривалот.
– Затоа оваа сезона, сите во клубот, почнувајќи од менаџерот и неговите асистенти, ќе покажат дека научиле од грешките. Сега сме посилни, имаме ментална сила и квалитет кои ни овозможуваат сигурни настапи.
– Лигата е многу квалитетна, многу работи можат да се случат во последните 12 кола, но сепак најважно е што ние сме тука и се бориме за титулата. Јас и моите соиграчи уживаме во притисокот и соочувањето со силни ривали секое коло, – вели Рајс.
-
НБА21 час
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија11 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот
-
Италија19 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија19 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија20 часа
Лука Тони: Toa не е добар знак за Јувентус…
-
НБА22 часа
Лејкерс донесе и центар за борбата под обрачите (ВИДЕО)
-
Македонија23 часа
Шкендија во возбудлив меч загуби од Динамо Киев (ВИДЕО)
-
Македонија24 часа
Работнички и Брера се засилија со дефанзивци од Воска Спорт