Поврзете се со нас

Англија

Рајола го најави следниот клуб на Погба: Постои можност тој да оди таму

Објавено

на

Контроверзниот агент на Пол Погба, Мино Рајола повторно ја разбранува јавноста со последната изјава поврзнаа со фудбалерот на Манчестер Јунајтед.

Погба има договор со „ѓаволите“ до крајот на оваа сезона и лесно може да се случи тој уште во јануари да преговара со заинтересираните клубови кои би можеле да го донесат следното лето како слободен агент.

Рајола потврди дека преговараат со Манчестер Јунајтед за продолжување на соработката, но нагласи дека постои можност Погба да се врати во Јувентус затоа што се уште го сака Торино.

– Пол Погба останува без договор во јуни, па ќе разговараме со Манчестер Јунајтед и ќе видиме што ќе се случи со неговата иднина.

– Дали ќе се врати во Јувентус? Пол се уште го сака Торино. Да, има шанса Погба да се врати во Јувентус, но тоа зависи и од плановите на Јувентус, -изјави Мино Рајола.

Јунајтед наводно му доставил понуда за нов договор на францускиот фудбалер и од англискиот клуб се надеваат дека истата наскоро ќе биде прифатена од страна на Погба кој на одличен начин ја започна новата сезона во Премиер лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни