Поврзете се со нас

Шпанија

Рајо се врати во Ла Лига, Димитриевски ги поздрави соиграчите (Фото)

Објавено

на

Рајо Валјекано оствари голема победа на гостувањето кај Џирона (0:2) и успеа да победи во плејоф двомечот за пласман во шпанската прва лига.

Колегите на нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски загубија на првата средба на домашен терен со 2:1, но тоа го надополнија со одличниот настап во Каталонија.

Гарсија во 7 и Трехо во 45. минута беа стрелци на головите за Рајо, а Џирона не успеа ни да намали иако гостите играа со фудбалер помалку од 56. минута.

Димитриевски е дел од нашата репрезентација на Европското првенство, а на голот го менува синот на Зинедин Зидан, Лука.

Иако не можеше да им помогне на соиграчите во плејофот, Димитриевски експресно реагираше по големиот успех на неговата екипа.

Рајо Валјекано се враќа во Ла Лига по 2019 година, а претходно враќање во елитата обезбедија Еспањол и Мајорка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни