Поврзете се со нас

Шпанија

Рајо „покажа заби“, но Барселона е нов лидер во Ла Лига (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Барселона не знае за пораз во 2025-та година и продолжи со добрата серија на резултати, па така вечерва на менито на тимот на Ханси Флик се најде и Рајо Валјекано, тим кој со право потврди дека е крајно незгоден за било кој ривал.

Тимот од мадридското предградие пристигна на „Монжуик“ со низа од девет меча без пораз во Ла Лига, но вечерва сепак мораше да се помири со минимален пораз.

Рајо покажа заби на гостувањето кај апсолутниот фаворит и во голем дел од натпреварот изгледаше крајно опасно, па во неколку наврати и посериозно се закани кон голот на Шчесни.

На крајот, како клучен момент се покажа пеналот кој беше досуден за домашниот тим во првото полувреме, шанса која во гол ја претвори сигурниот реализатор, Роберт Левандовски.

Во продолжение, Рајо бараше пенал за слична ситуација за каква беше досуден пенал за Барселона, додека на гостите им беше поништен и гол поради офсајд ситуација.

Четвртата победа во низа во домашното првенство значи дека Барселона ја стопи цела негатива која ја имаше во однос на Реал Мадрид, па сега поради подобра гол разлика е и нов лидер во Ла Лига (двата тима имаат по 51 бод, еден повеќе од Атлетико).

Видеото погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни