Поврзете се со нас

Европски купови

Рајн Некар се покажа како пресилен за Еурофарм Пелистер, битолчани немоќни на гостувањето во Манхајм

Објавено

на

Ракометарите на Рајн Некар Левен ја оправдаа фаворитската улога и со убедливи 28:20 славеа против нашиот Еурофарм Пелистер во натпревар од ракометната Европска Лига.

Ова беше втор пораз за битолскиот тим во новоформираното ракометно европско натпреварување откако претходно загубија од ГОГ Гудме на гостувањето во Данска.

Пелистерци само кратко му парираа на фаворизираниот противник кој во втората половина од првото полувреме ја зеде играта во свои раце и без проблем го одигра останатиот дел од натпреварот.

Вајгел со седум погодоци беше најефикасен кај домашниот тим, а шест постигна Уве Генсхајмер. Кај нашиот претставник босанецот Периќ забележа пет погодоци, додека средбата со четири погодоци ја заврши Мараш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни