Рајн-Некар на Талески изненаден од Пик Сегед

taleski

Германски Рајн-Некар Левен беше голем фаворит против Пик Сегед во натпревар од Лигата на шампионите, но Унгарците беа тие кои на крајот и се радуваа на победата изразена со резултат 35:37.

На полувреме Рајн-Некар водеше со 17:15, но гостите направија пресврт во второто полувреме и заслужено дојдоа до голема победа на германско тло. Нашиот Филип Талески имаше минутажа во одбраната, но не упати удар кон противничкиот гол, а најефикасн во неговиот тим беше Менсах Ларсен со 8 голови.

Во победничкиот тим, хрватскиот мек Иван Сршен постигна 7 погодоци, додека зад него беше Калман со 5 голови. По 11. коло, Рајн-Некар има 12, а Пик Сегед 11 бодови, додека во оваа група се уште лидер е Вардар со 18 бодови.

 

Facebook Коментари