Рајн-Некар Левен на Талески со лекција за европскиот првак Монпелје

tale-rnl

Бундеслигашот Рајн-Некар Левен извојува убедлива победа над актуелниот европски шампион Монпелје (37:27) во единствениот натпревар од Лигата на шампионите предвиден за денеска.

Германскиот тим немаше проблеми со Монпелје, па откако на полувреме водеше со 16:13, го засили темпото во вториот дел и стигна до победа со предност од десет голови.

Македонскиот репрезентативец Филип Талески немаше ефект на овој натпревар, додека најефикасни кај Рајн-Некар биле Сигурдсон со 11 и Колбахер со 9 погодоци. На спротивната страна, кај Монпелје, најрасположен за игра бил Ричардсон кој го заврши натпреварот со 10 голови.

Ова е петта победа за Левен во ЛШ и Германците сега имаат ист број бодови со Вардар и Барселона, но со натпревар повеќе.

Facebook Коментари