Поврзете се со нас

НБА

Рајли во свој стил: Секогаш ќе има ѕвезда до титулата на Лејкерс

Објавено

на

Екипата на Мајами Хит по добро ќе ја памети натпреварувачката 2019/2020 во која направи големо изненадување и успеа да биде најдобра екипа на Истокот за да потоа се соочи во финалето со Лос Анџелес Лејкерс каде загуби со 4-2.

„Жешките“ играа навистина квалитетна тимска кошарка, па и кога сите ги отпишуваа тие се враќаа. Во финалната битка тие немаа среќа и со повредите со оглед на тоа што се повредија Горан Драгиќ и Бем Адебајо, мораа да пропуштат некои натпревари и во таква ситуација Хит не можеше посилно да им се спротистави на Леброн Џејмс, Ентони Дејвис и компанија.

Поради ова легендарниот Пет Рајли кој е претседател на Хит за кошаркарски операции смета дека секогаш ќе има ѕвезда, знак прашалник до титулата на Лејкерс.

-Тие не победија фер и чесно. Ама секогаш ќе ја има таа ѕвездичка, ако Бем и Адебајо беа 100 проценти здрави. Горан беше наш прв стрелец (со таков учинок влезе во финалната серија)-можеби ќе имаше седми натпревар, -истакна Рајли кој многу добро знае како е да се освојуваат НБА титули како играч и тренер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни