НБА
Рајли излезе со официјален став на Мајами за трејдот на Батлер
Џими Батлер е топ тема во НБА кулоарите последните неколку недели, но очигледно Мајами Хит има поинакви планови од она што го сака играчот и го најавуваа медиумите.
Шпекулациите беа дека Батлер ќе бара размена во клуб со шанси да се бори за титулата, а тие се развлекоа толку долго, што мораше да реагира и Пет Рајли.
Претседателот на клубот го истакнал ставот на составот од Флорида по ова прашање и појаснил што ќе се случува со Батлер.
– Вообичаено не коментираме шпекулации, но она што се случуваше периодов почна да го дефокусира тимот и не е фер за играчите и тренерите.
– Затоа ќе бидеме јасни, нема да го размениме Џими Батлер, – изјавил Рајли.
Батлер сезонава ќе заработи 49 милиони долари, а следната и последна од договорот треба да му донесе 52 милиони долари. Тој сака да се откаже од таа опција за да замине во друга средина, но очигледно Мајами има поинакви планови.
-
Европски првенства23 часа
Важно предупредување за македонската „Фаланга“: Не смеат да го внесуваат знамето од Кутлеш во салата во Вараждин (Фото)
-
Италија9 часа
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Италија20 часа
Второто зимско засилување за Мота пристигнува од редовите на ПСЖ
-
АТП19 часа
Медведев со лудачка изјава за својот ривал: Ако продолжи да игра вака, ќе има многу пари и жени во животот (Видео)
-
Шпанија23 часа
Ханси Флик опомена еден играч кој не добива шанса: Не е истиот после повредата
-
Англија19 часа
Сити прокоцка „добиен меч“, Џејмс го спаси Челси со мајсторија во 95. минута (Видео)
-
Англија22 часа
Малерозниот Жезус доби најлоши можни вести од лекарскиот тим на Арсенал (Фото)
-
Шпанија24 часа
Шпанската полиција уапси фудбалер на Севилја: Намерно добивал жолти картони, му се заканува и затворска казна