Рајковиќ заврши со Стал и Полска, пред него е нов предизвик

emil-rajkovic-press

Македонскиот кошаркарски стручњак, Емил Рајковиќ по успешната приказна во полскиот состав Стал Остров се впушта во нов проект и предизвик, односно ќе биде нов предводник на Астана од Казахстан.

Оваа информација денеска официјално ја потврди актуелниот првак на Казахстан што е секако одлична вест за Рајковиќ кој ќе може да се бори со овој состав на повеќе фронтови, дома како и Лигата на шампионите на Азија, но и ВТБ лигата.

Од Астана се презадоволни што го обезбедија Рајковиќ кој е претставен како феноменален мотиватор, харизматичен тренер кој доаѓа од југословенската школа, генерација на нови млади, талентирани стратези.

Facebook Коментари