Поврзете се со нас

Европски првенства

Рајковиќ за барањето за Пикси: Разочарани сме…

Објавено

на

foto: x.com/FSSrbije

Србија не успеа да ја мине групната фаза на Европското првенство, а тоа донесе големи реакции, коментари кај нашите северни соседи кои во овој момент ја бараат „главата“ на селекторот Драган Стојковиќ Пикси.

Има огромно незадоволство, се бараат промени, а кон целата оваа идеја се пласираат многу информации во кои меѓу нив е одреденото незадолвство кај репрезентативците, поточно ултиматум за заминување ако Стојковиќ остане на сегашната позиција.

Имено медиумите во Србија пренесоа дека Душан Тадиќ, Александар Митровиќ, Сергеј Милинковиќ Савиќ и Предраг Рајковиќ порачале дека нема повеќе да играат за националниот состав се додека на клупата е актуелниот селектор.

Четворица играчи не сакаат повеќе да играат за Србија, причината е Пикси!

Овие информации дефинитивно допираат до играчите, па голманот Рајковиќ кратко и јасно ја кажа вистината на оваа тема.

-Уморен сум, разочарани сме, но ќе биде подобро. Не, не е точно дека нема да играм додека Пикси е селектор, -порачал голманот по пристигнувањето во Белград.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни