Поврзете се со нас

Свет

Рајковиќ се одјави од руски Автодор: Верните навивачи ќе го паметат овој прекрасен тим (Фото)

Објавено

на

Воениот конфликт меѓу Русија и Украина резултираше со санкции против руските клубови, па во таква ситуација, спортистите и тренерите кои работеа во оваа земја, полека ги пакуваат куферите.

Веќе видовме низа кошаркари кои избегаа од Русија и странците веќе си бараат нови средини, па со оглед на новонастанатата ситуација, во неповолна ситуација се најде и Емил Рајковиќ.

Еден од најдобрите македонски тренери во изминатиот период оствари навистина позитивни резултати во Автодор Саратов, клуб од кој сега се одјави преку социјалните мрежи.

– Тажно е што сезоната за некои од нас во тимот заврши предвреме, но горд сум што ја водев оваа екипа која покажа победнички менталитет и беше решена да го постигне најголемиот успех во историјата на Автодор Саратов. Знам дека нашите верни навивачи уште многу години ќе го паметат овој прекрасен тим, кој секоја вечер го даваше својот максимум во „Кристал арената“ и на сите терени во Европа и Русија.

– Топ 4 во ВТБ лигата и првото место во ФИБА Европа купот на 3 март е одличен резултат, но освојувањето на срцата на нашите, па дури и на многу неутрални навивачи во Русија беше нашата најголема победа оваа сезона. Ти благодарам Саратов, – порача Рајковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни