Поврзете се со нас

Свет

Рајковиќ и ЦСКА имаа победнички старт на ВТБ лигата

Објавено

на

ЦСКА Москва на македонскиот стратег, Емил Рајковиќ оствари победа на првиот меч во новата сезона во ВТБ лигата.

Рускиот великан како гостин беше подобра од Самара со 85-72. Фаворитот одигра на високо ниво во првите 20 минути во кои се избори за предност од 22 разлика (51-29), позитива која по паузата ја конторлираше, ја одбрани и дојде до прво славје во кампањата кое воедно е сефте за нашиот Рајковиќ на клупата на „армејците“.

Швед со 20 поени беше прво име, Милутинов додаде 16, а дабл-дабл учинок имаше засилувањето од Звезда, Давидовац (15 поени и 12 скока).

Кај поразените Најт и Енис искомбинираа 38 кошеви.

Да потсетиме вчера одличен меч во оваа конкуренција имаше Ненад Димитријевиќ против бранителот на пехарот, составот на Зенит.

Димитријевиќ блескаше против Зенит, Уникс го сруши шампионот на отварањето на сезоната во ВТБ лигата

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни