Лига на нации
Рајан Гигс испрати соопштение: Соработувам со полицијата!
Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и актуелен селектор на Велс, Рајан Гигс, се огласи во јавноста по синоќеншниот инцидент за кој сите медиуми објавија дека може да го чини отказ.
Првично, полицијата соопшти дека привела 46-годишен маж во Салфорд крај Манчестер, претходна пријава регистрирана во 22 часот, за напад врз неговата девојка, но дека по испитувањето бил ослободен со кауција. Возраста на девојката во истото соопштение е опишана „во нејзините триесетти“, со објаснување дека имала „минорни повреди за кои не бил потребен никаков третман“.
Фудбалската федерација на Велс ја откажа денешната прес конференција на која Гигс требаше да го соопшти составот на националниот тим во пресрет на новата рунда интернационални натпревари, дополнувајќи дека е „информирана за наводниот инцидент на менаџерот на машката национална селекција.
Подоцна, беше лиферувана изјава во името на Рајан Гигс од страна на неговите правни советници.
– Тој соработува со полицијата и ќе продолжи да им асистира со истрагата која е во тек.
Гигс на позицијата селектор на Велс го наследи Крис Колеман во 2018 година. Неговите репрезентативци во ноември имаат три натпревари, најпрво еден пријателски со Соединетите Американски Држави (12 ноември), и потоа во рамките на Лигата на нации, со Република Ирска (15 ноември) и Финска (18 ноември).
Во текот на квалификацискиот циклус, Велс се избори за пласман на Европското првенство и треба да игра во група со Турција, Италија и Швајцарија.
-
Лига на нации12 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
Балкан24 часа
Арнаутовиќ ги „запали“ српските навивачи со изјавата која ја даде по поразот на „Маракана“ (Видео)
-
АТП11 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
АТП22 часа
Ѓоковиќ се растрча како да има десет години помалку, па закажа осминафинале со својот „редовен пациент“ (Видео)
-
Лига на нации14 часа
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Лига на нации13 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Лига на нации24 часа
Донарума делеше совети за своите соиграчи, Кимих и Мусиала го повторија „корнерот од Енфилд“ (Видео)
-
Македонија8 часа
Шкупи покажа класа со двете одлуки кои ги донесе за трагично загинатиот Лазаров (Фото)