Поврзете се со нас

НБА

Рајаковиќ го бркаше судијата на терен, па заработи исклучување (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/Raptors

Торонто Репторс се најдоа во голема резултатска криза, а утринава беа прегазени од Мемфис во натпревар кој заврши со резултат 155:126.

Тренерот на гостите, Дарко Рајаковиќ воопшто не бил задоволен од судиските одлуки на оваа средба, па реши да се пресмета со еден од судиите за време на последниот период.

Српскиот стручњак почна да го брка судијата, нагласувајќи му дека требало да суди лична грешка, а кошаркарите го смируваа и спречија поголем инцидент.

На крајот, Рајаковиќ очекувано беше исклучен, а Торонто се соочи со убедлив пораз од Гризлис.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни