Англија
Раја правеше чуда на голот, Арсенал освои бод на „Олд Трафорд“ (Видео)

Манчестер Јунајтед ќе биде на далеку повисока позиција на табелата ако секој натпревар го игра како овој денеска, но дури и во таква ситуација, избраниците на Рубен Аморим не успеаја да остварат победа.
Дербито на „Олд Трафорд“ мина во знакот на „црвените ѓаволи“, кои навистина можат да жалат што не освоија три бода во пресметката со Арсенал, на која посебно брилјираше Давид Раја.
Шпанскиот чувар на мрежата имаше три брилијантни интервенции во второто полувреме, од кои последната во 93-та минута беше неверојатна во дуелот со Бруно Фернандеш.
Претходно, голманот на Арсенал беше бравурозен и во дуел со Мазрауи при резултат 1:0 за Јунајтед, а му одбрани одлична шанса и на Зиркзе.
Благодарение на неговото издание, Арсенал остана во игра и успеа да израмни со голот на Деклан Рајс, па така играчот за врска го неутрализираше погодокот на Бруно од крајот на првото полувреме.
На крајот двата тима мораа да се задоволат со по еден освоен бод, а овој резултат значи дека Ливерпул сега е уште толку поблиску до титулата во Премиер лигата.
Првата страшна одбрана на Раја во дуелот со Мазрауи погледнете ја ТУКА
Клучната одбрана во 93-та минута погледнете ја ТУКА
Головите погледнете ги ТУКА
-
Формула 121 час
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Шпанија18 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Македонија16 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Шпанија20 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Македонија14 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Европски првенства16 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 115 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)
-
Свет10 часа
Трапановски даде гол и се помоли за жртвите во трагедијата во Кочани (ВИДЕО)