Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Раја херој, Арсенал е меѓу осумте најдобри во ЛШ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/Arsenal

Премиерлигашот Арсенал е шестиот патник во четвртфиналето на Лигата на шампионите и тоа откако излезе како победник од драматичната пресметка со Порто.

Португалците го добија првото соочување со 1-0, а вечерва со истиот идентичен резултат „топчиите“ славеа на „Емирејтс“ благодарение на погодокот на Тросар во 41 минута.

Ова значеше дека ќе се играа дополнителни 30 минути во Лондон, две продолженија во кои мрежите мируваа, па победникот се побара преку изведување на удари од 11 метри.

Тука херој на домаќините беше голманот Раја кој ги скроти ударите на Вендел и Галено во 2 и 4 серија и со тоа го одведен тимот меѓу осумте најдобри каде засега се уште Барселона, ПСЖ, Реал Мадрид, Манчестер Сити и Баерн Минхен.

Утре ќе ги дознаеме преостанатите два патници по пресметките Атлетико Мадрид-Интер и Борусија Дортмунд-ПСВ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни