Раиола уште еднаш најави дека Погба веројатно ќе си замине: Не може туку така да избега од Манчестер Јунајтед, но…

paul-pogba

Контроверзниот агент, Мино Раиола уште еднаш излезе во јавноста со коментар за иднината на неговиот клиент Пол Погба.

Францускиот фудбалер подолго време бара излез од Манчестер Јунајтед, и веројанто ќе добие одврзани раце да си замине во летниот преоден рок кога „ѓаволите“ ќе се согласат да го пуштат за сума од околу 130 милиони фунти.

Раиола посочи дека Италија е како втор дом за Пол и дека тој би сакал да се врати во Јувентус, но дека постои еден проблем..

– Погба во Јувентус? Италија е како втор дом за Пол. Тој би сакал да се врати во Јувентус, но ќе видиме што ќе се случи по Европското првенство. Погба сака да игра на највисоко ниво, но тој не може да избега од Манчестер Јунајтед, тие се во тешка ситуација.., -изјави Раиола.

Facebook Коментари