Раиола: Сите забораваат што направи Погба за Јунајтед, на Фергусон не му се допадна тоа…

raiola-pogba

Мино Раиола постојано се наоѓа во фокусот на јавноста кога излегува со свои изјави за Пол Погба, со оглед на тоа што автоматски дава свое мислење за случувањата во Манчестер Јунајтед, клуб со кој повеќе од јасно е дека нема баш најкоректни односи.

Контроверзниот агент често знае да ги разлути челниците на клубовите поради своите енормни барања, но Раиола вели дека на тој начин само ги заштитува своите клиенти, за кои вистина е дека секогаш го обезбедува најдоброто. Во последното интервју кое го направи за „Скај Спортс“, Раиола откри во какви односи е со Ед Вудвард и Оле Гунар Солскјер, а притоа не пропушти да нагласи дека легендарниот Сер Алекс Фергусон не бил презадоволен од враќањето на Погба на „Олд Трафорд“.

– Во овој момент, најважно е Погба да се рехабилитира и да биде повторно фит, а потоа моја работа ќе биде да ги задоволам сите страни. Мојот однос со Јунајтед е коректен. Имам професионален и искрен однос. Никогаш немам зборувано со Оле, но мојот однос со Вудвард е транспарентен. Луѓето забораваат што Погба направи за Јунајтед. Тој го избра Јунајтед пред останатите клубови, иако на Фергусон не му се допаѓаше тоа. На крајот тој го направи тоа. Што се однесува до резултатите, клубот во изминативе години не ги изедначи амбициите кои ги има Погба, – порачува Раиола.

Facebook Коментари