Поврзете се со нас

Германија

Раиола се огласи за иднината на Ерлинг Халанд: Ја почитувам таа одлука, но не ја прифаќам

Објавено

на

Контроверзниот агент, Мино Раиола за прв пат излезе во јавноста со подетална информација околу иднината на неговиот клиент, Ерлинг Халанд.

Раиола кој изминатиов период беше на средба со неколку клубови заинтересирани за младиот напаѓач сега истакна дека Борусија Дортмунд не сака да го продава својот напаѓач ова лето. Агентот исто така нагласи дека не се согласува со оваа одлука на клубот од Бундеслигата.

– Зборував со луѓето од Борусија Дортмунд и тие ми потврдија дека не сакаат да го продаваат ова лето. Ја почитувам таа одлука, но тоа не значи дека се согласувам со неа. Јас имам добар однос и добри услови за работа со нив и не сме влезени во никаква војна, -изјави Раиола.

Халанд има договор со Борусија Дортмунд до 2024 година, а клубот од Германија за да го ослободи ова лето ќе бара 150 милиони евра, додека веќе следната година тој ќе може да си замине за само 75 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни