Поврзете се со нас

Свет

Раиола: Само десет клуба можат да си го дозволат Халанд, дури четири се од Англија!

Објавено

на

blank

Ерлинг Халанд повторно се најде во центарот на вниманието по минатонеделното шоу кое го предизвика во Лигата на шампионите, издание со кое уште еднаш се најде во фокусот на светската јавност кој не прекинува да го следи неговиот застрашувачки голгетерски развој.

Халанд ја избра Борусија Дортмунд како идеално место за надоградба во кариерата, но иако е во Германија нешто повеќе од една година, веќе се појавуваат сериозни кандидати за обезбедување на негов потпис, уште повеќе кога истите се надополнети со шпекулации дека има склучено пакт со „милионерите“ за лесно ослобдување во 2022-ра година.

Норвежанецот дефинитивно ќе биде „барана роба“ во блиска иднина и одново ќе биде топ тема на трансфер пазарот како што беше пред една година, а денеска Мино Раиола кој е негов агент нагласи дека само десет клуба можат да си го дозволат во овој момент.

– Очигледно е дека цел свет гледа на Ерлинг како еден од најголемите потенцијали во иднина. Навистина е многу тешко да се прави во фудбалот она што тој го прави на своја возраст. Тој сигурно ќе биде идната голема ѕвезда во наредните десет години, бидејќи веќе се поставува прашањето уште колку ќе можат да издржат Ибрахимовиќ, Роналдо и Меси.

– Сите ја чекаме новата генерација на големи ѕвезди. Во овој момент, само десет клуба можат да си го дозволат Халанд и само тие десет можат да му го понудат она што ќе му биде потребно после Дортмунд. Дури четири од овие десет клуба се од Англија, – посочи Раиола за „Би-Би-Си“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни