Раиола проговори за можноста Ибрахимовиќ да се врати во Милан

raiola-ibra

Екипата на Милан се обидува да се врати на старите победнички патеки, а за тоа секако е потребен силен, конкурентен состав кој ќе може да одговори на предизвиците во сите натпреварувања.

Токму поради ова неколку имиња се споменуваат, поврзуваат со „росонерите“ со тоа што засега едно се издвојува-тоа е Златан Ибрахимовиќ. Дел од медиумите го поврзуваат Ибра со враќање на „Сан Сиро“ во јануари, меѓутоа засега нема ништо официјално или било каква најава дека навистина може да се реализира ова сценарио.

Колку оваа приказна е далеку од реалноста посочи агентот на ветеранот, Мино Раиола кој кратко и јасно порача:

-Ние не сме седнале ниту една секунда за да разговараме со Милан за Ибра. Ние правиме многу состаноци со различни клубови, но ништо со Милан,-рече контроверзниот Мино за Ораикон.

Facebook Коментари