Поврзете се со нас

Свет

Раиола по неколкумесечен молк ја навести новата средина на Халанд: Рано е да се зборува, но Халанд…

Објавено

на

Контроверзниот фудбалски агент, Мино Раиола повторно ќе биде централна фигура во следниот летен преоден рок.

Раиола ги поседува договорите на неколку фудбалери кои се очекува да реализираат бомбастични трансфери на лето, а меѓу нив најмногу се издвојува Ерлинг Халанд.

По неколкумесечен молк, Раиола конечно проговори за иднината на Халанд потенцирајќи дека тој е заљубен во Шпанија како земја.

– Халанд ја обожава Шпанија. Сепак, без оглед на тоа се уште е рано да се зборува каде ќе игра следната сезона. Прерано е да се зборува за летниот преоден рок, -изјави Раиола.

За Халанд постои огромен интерес од сите најголеми европски клубови кои ќе издвојат „само“ 75 милиони евра за да го обезбедат неговиот потпис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни