Раиола со коментар и за друг негов клиент: Со Донарума засега не сакаме да зборуваме за продолжување на договорот..

donaruma-maldini

Мино Раиола беше расположен за давање изјави за медиумите во Италија во текот на вчерашниот ден, па откако изјави дека Пол Погба го смета Јувентус како свој дом, се одлучи да прозбори и за голманот на Милан, Антонио Донарума.

Раиола го притискаше младиот голман да направи трансфер во Јувентус пред неколку години, и тогаш Донарума стана непријател број еден за фановите на Милан. Сепак, до трансфер не дојде, па Донарума се уште е меѓу стативите на клубот од „Сан Сиро“.

Сега се зборуваше за продолжување на соработката на италијанскиот голман со Милан, но Раиола одби да даде конкретен одговор за такво нешто.

– Милан знае што мислам јас. Сега не сакаме да зборуваме за продолжување на договорот зошто не сакаме да си замеруваме. Џиџи е добро, сака да ја достигне Лигата на шампионите, па да игра на Европското првенство, а после тоа ќе видиме. Не знам што сака да направи Милан. Наскоро ќе зборуваме за Донарума, -изјави Раиола.

Facebook Коментари