Раиола даваше изјава, а потоа го здогледа Ибра: Момци се наоѓам во проблеми, последниот пат кога ме виде…. (Видео)

ibra-lut

Златан Ибрахимовиќ беше исклучително активен на теренот и претставуваше константна закана за одбраната на Јувентус во текот на сите 90 минути, но по крајот на мечот, ни пристигна една сцена која уште еднаш ни докажа дека популарниот Ибра е опасен и надвор од теренот.

Мино Раиола како претставник на голем број фудбалски ѕвезди синоќа вршеше свои задолженија и им даваше изјави на италијанските новинари, но во еден момент беше приморан да го прекине интервјуто бидејќи го здогледа Ибра кој проаѓаше низ микс-зоната.

– Извинете момци, се наоѓам во проблеми. Мора да се бранам од Ибра. Последниот пат кога ме виде, ми даде толку силен удар што се уште ме боли, – порача Раиола кој и покрај се, на крајот доби удар од страна на корпулентниот напаѓач.

Facebook Коментари