Поврзете се со нас

Формула 1

Раиконен со маестрален пробив на стартот ги импресионираше Ф1 фановите (Видео)

Објавено

на

Формула 1 трката во Португалија беше одбележана со историската победа на Луис Хамилтон, кој со триумфот во болидот на Мерцедес успеа да постави нов рекорд – 92 победи во Формула 1.

Британецот го потисна Михаел Шумахер на второто место, но на трката имаше и други блесоци кои вреди да се издвојат, а посебно тоа на Кими Раиконен на стартот на трката.

Возачот на Алфа Ромео за краток период успеа да стигне од 16 до 6. место на патеката, а онборд видеото од неговиот болид е вистинско уживање не само за сопствените фанови, туку за сите љубители на Формула 1.

На социјалните мрежи, неговото пробивање е споредено и со тоа на легендарниот Аиртон Сена на патеката Донингтон во 1993 година, a на крајот Раиконен го освои 11. место и за малку не влезе во групата возачи кои освоија поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни