Раиконен го прекина постот, Хамилтон не успеа да ја завери титулата во САД

Raikonen-Ostin

Кими Раиконен триумфираше на Формула 1 трката за ГН на Соединетите Американски Држави и барем за момент ја одложи шампионската промоција на Луис Хамилтон. Истовремено, ова е голем успех за Финецот кој оствари победа првпат по 2013 година, а за него ова е 21. победа во Ф1 кариерата.

Возачот на Ферари ја презема првата позиција уште на стартот, а стратегијата на Ферари му овозможи да го задржи тоа место и по влегувањето во боксот. Неговиот клупски колега Себастијан Фетел имаше близок контакт со Даниел Рикиардо уште во првиот круг и ја загуби својата позиција, по што на крајот мораше да се задоволи со четвртото место, кое сепак беше доволно да не му дозволи на Хамилтон да ја одбрани титулата уште во Остин.

Раиконен го освои првото место пред Макс Ферстапен кој имаше уште одлична трка откако стартуваше од 18. место, а на крајот се најде зад победникот. Хамилтон не пропушти место на победничкиот пиедестал, додека зад четвртиот Фетел се најдоа Ботас, Хулкенберг, Саинц, Окон, Магнусен и Перез.

Хамилтон има 70 поени повеќе од Фетел на три трки до крајот, а шампионското прашање може да го реши веќе следната недела во Мексико.

Facebook Коментари