Поврзете се со нас

Формула 1

Раиконен ги насмеа Ф1 фановите со својата реакција за страшниот инцидент на Имола (Видео)

Објавено

на

Кими Раиконен одново беше најблизок сведок на еден непријатен инцидент во Формула 1, откако ова попладне пред негови очи се случи судирот меѓу Џорџ Расел и Валтери Ботас поради кој беше прекината трката за Големата награда на Емилија Ромања.

Младиот Расел се заби во болидот на Мерцедес и двајцата со огромна брзина завршија во заштитната ограда, по што ескпресно беше стопираната трката извесно време, период во кој Раиконен направи една грешка која подоцна го чинеше позиција.

Кими заработи казна од 30 секунди и остана без својот освоен бод на Имола поради извртувањето пред продолжувањето на трката, но сепак највирално стана видеото на кое ни е доловена неговата реакција за инцидентот кој го режираа возачите на Вилијамс и Мерцедес.

Расел откри што му порачал на Ботас додека го удираше по кацигата (Видео)

Додека луѓето од Алфа Рамеo се обидуваа да дознаат дали Кими е во ред и без никакво оштетување по судирот кој се случи пред него, тој одговори во свој стил.

– Да, да, добар сум. Изненаден сум од цело ова срање пред мене….., – гласи реакцијата на Кими.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни