Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Рахмани: Тоа не функционираше против Барселона…

Објавено

на

foto:twitter.com/UEFAcom_de

Наполи загуби од Барселона (3-1), пораз кој автоматски значаше и елиминација за италијанскиот тим од Лигата на шампионите.

Калчолигашот имаше проблеми на „Монжуик“, не играше константно и за тоа заслуга секако има и Барселона која знаеше што сака и што прави во важните моменти и на крајот се избори за посакуваната цел.

Единствениот гол за наполитанците во Каталонија беше дело на дефанзивецот Амир Рахмани кој смета дека со кренати глави можат да се вратат назад во Италија.

-Заминуваме со кренати глави, бидејќи игравме директно и напаѓачки, иако можевме да бидеме подобри при нивните голови и да постигнеме израмнувачки гол. За жал, ако не ги искористите шансите против силни противници, ќе бидете принудени да платите за тоа, -истакна репрезентативецот на Косово кој посочи што не функционирала кај нивната екипа.

-Се обидовме со висок пресинг, но тоа навистина не функционираше, наместо тоа и дозволи на Барселона да има неколку контра напади. Не притискавме ефективно, -порача Амир за „Спорт Медијасет“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни