Поврзете се со нас

Италија

Рахмани постигна комичен автогол, Комо му „зема мерка“ и на Наполи (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/SerieA

Комо некое време игра добро во Серија А, ама на доста натпревари немаше среќа, не ги користеше шансите, правеше грешки и на крајот остануваше со празни раце, но сега работите се менуваат и повратникот во италијанската елита во две кола суреди две топ екипи, прво Фиорентина на нејзин терен (2-0), а денеска Наполи пред своите гледачи (2-1).

Избраниците на Фабрегас потврдија дека се незгоден состав и го решија некогашниот клуб на Пандев и Елмас, тим кој се бори за Скудетото, ама и тим кој е во мини криза и потврда за тоа е фактот што нема победа на четири натпревари.

Рахмани во 7 минута направи катастрофална грешка и си постигна комичен автогол, меѓутоа Наполи брзо се врати и преку Распадори во 17 минута израмни на 1-1, резултат кој остана непроменет до крајот на првиот дел.

Се играше 77 минута кога Паз и Диао одлично соработуваа, а овој првиот испрати прецизен удар со кој го матираше Мерет за огромна радост на сите подржувачи на Комо.

Ова за Наполи беше четврти сезонски пораз со кој остана без првата позиција која сега ја има Интер со кого ќе се соочи во наредното коло на 1 март на „Диего Армандо Марадона“.

ТУКА можете да ги погледнете головите.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни