Поврзете се со нас

Италија

Рахмани донесе драматична победа за Наполи (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/en_sscnapoli

Наполи имаше негатива против Салернитана, но на крајот успеа да стигне до посакуваната победа (2:1) на дуелот во кој влезе како голем фаворит.

Антонио Кандрева постигна уште еден атрактивен гол во Серија А, носејќи предност за тимот на Пипо Инѕаги во 29. минута, но Салернитана не издржа до крајот на полувремето.

Актуелниот шампион доби пенал во финишот и Политано израмни од белата точка длабоко во судиското надополнување, а тој резултат беше актуелен се до 96. минута.

Гостинската одбрана киксираше и не го издржа притисокот веројатно во последниот обид на Наполи за целосен пресврт, а Рахмани стана херој на домашниот тим, постигнувајќи го својот прв гол сезонава во Серија А.

Наполи сега има 31 бод, само два помалку од Фиорентина која е на четвртото место, но има и натпревар помалку.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни