Рахим Стерлинг со урнебесен твит го „пецна“ Фил Џонс, целиот интернет „гори“ по оваа објава (Фото)

sterlingademi

Манчестер Сити во текот на вчерашниот ден триумфираше на „Максимир“ на гостувањето кај Динамо Загреб со 4:1 и со тоа го остави хрватскиот претставник без учество во европските натпреварувања за следната пролет.

„Граѓаните“ беа носени од одличниот на вчерашниот натпревар, Габриел Жезус кој постигна хет-трик и речиси сам го победи тимот на Динамо Загреб.

На оваа средба играше и годинава најдобриот играч на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг кој го „запали“ интернетот со една објава на социјалните мрежи.

Имено, Стерлинг беше фотографиран при една акција пред голот на Динамо Загреб, а во истиот момент тој прави чудна фаца. На фотографијата е и нашиот репрезентативец Арјан Адеми кој исто така е фатен во незгоден момент од страна на фотографот.

Стерлинг ја објави фотографијата на Твитер и како наслов на истата стави: – Фил Џонс би бил горд…, алудирајќи на фаците што ги прави фудбалерот на Манчестер Јунајтед.

Facebook Коментари