Поврзете се со нас

Свет

Раѓа за големиот лидер Петровиќ: Тој и Џордан беа исти, нема врска…(ФОТО)

Објавено

на

На денешен ден пред точно 27 години животот го загуби Дражен Петровиќ, еден од најдобрите европски играчи на сите времиња, играч кој беше роден победник, играч кој секогаш сакаше да се натпреварува, играч и човек чие име дефинитивно вечно ќе се памети како на овие простори така и насекаде низ светот.

Многу пораки денеска беа испратени, многумина се потсетија на кошаркарскиот Моцарт, а во таа група беше и добриот пријател на Хрватот, Дино Раѓа кој обелодени дека тие се расправале пред да се случи страотната сообраќајна несреќа во Германија.

-Тешко е да се напише нешто за Дражен што веќе не е напишано. По гледањето на „Последниот танц“ морам да направм споредба. Нема да зборувам за играчките квалитети затоа што во оваа ситуација тоа не е важно. Само главата. Се што имаше во главата на Џордан го имаше и Дражен. Идентично. Затоа и беше што беше-победник пред се.

-Се губеа натпревари, првенства, титули, ама главата е таа што не дозволуваше да се предаде и која без компромис го туркаше напред. Од него и мојата глава многу научи и несвесно го копираше. Кој тогаш имаше поим за било што. Сега за потврда една ситуацијата за која малкумина знаат.

-Последниот натпревар на Дражен против Словенија во Полска. Тотално неважна затоа што игравме финале на квалификациите, а првите три одат на ЕП. Значи натпревар за ништо, никој не требаше да игра. Ама тоа за него не беше опција. И секако при крајот на мечот кој го загубивме, двајцата се отворивме (се испразниле). Кој на кого не му додал, кој не заградил. Тој на мене мајката, јас на него и нема повеќе тон. И потоа наредниот ден тој несреќен пат.

-Ранo наутро седимe јас, тој и Стојко (Вранковиќ) и пиеме кафе. Му вели на Стојко да му каже дека сум идиот, а јас исто преку Стојко на него. Нема врска што играш, важно или не, секогаш мораше да бидеш на 100 проценти. Затоа и беше голем лидер, -напиша Раѓа на „Фејсбук“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни