Поврзете се со нас

АТП

Раѓа во свој стил: Ѓоковиќ го напаѓаат мали глувци, тоа е проклетството…

Објавено

на

blank

Кошаркарската легенда, Дино Раѓа уште еднаш отворено застана и ја објасни својата поддршка кон првиот светски тениски рекет, Новак Ѓоковиќ.

Српскиот ас доби голем број на критики откако на турнирите во негова организација дел од лицата се заразија со КОВИД-19, група во која беше и самиот Новак заедно со сопругата Јелена.

-Прво, веднаш нешто да разјаснам, затоа што ми рекоа дека го бранам пријателот. Ама јас и Новак само еднаш се имаме сретнато во животот разговаравме неколку минути, се сликавме и тоа е тоа. Јас не го бранам затоа што сме пријатели, туку затоа што исклучително го почитувам како спортист поради се што направи, а уште повеќе го почитувам поради начинот на неговото однесување.

-Се разбира, поентата не е да распнеме некој непознат, туку некој познат. Тоа што го малтретираа предизвика реакција кај мене која беше спакувана за две минути и излезе, а потоа „полудеа“, -истакна Раѓа кој додаде:

-Тоа е општо проклетство на човечкиот род. Тој е нападнат од мали глувци кои би дале се за да бидат на негово место, кои се љубоморни на неговите успеси и на сè што прави. Едноставно е еден вид криминал што никогаш нема да го разберам и тоа е незамисливо за мене – да некој со нетрпение ја очекува туѓата несреќа. Не е во мојата ДНК, -рече Хрватот.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни