Поврзете се со нас

Шпанија

Рафиња за целите на Барселона во оваа сезона: Кога сте во ваков клуб…

Објавено

на

foto: x.com/FCBarcelona

Барселона има супер старт на новата сезона, а еден од играчите кој ги одбележа првите четири кола дефинитивно е офанзивецот Рафиња.

Бразилецот блеска под водство на Ханси Флик, постојано е активен, присутен, многу трча и покрива, дели топки, дава голови и е меѓу најзаслужните што екипата има четири од четири во шампионатот, поточно е лидер во Примера.

Со ова Рафиња покажа ново лице и едноставно им покажа на дел од навивачите дека вреди, односно дека заслужува и понатаму да го носи дресот на клубот. Неговото име често се споменуваше меѓу оние кои можат да си заминат во летниот преоден рок, но и претходно, меѓутоа ништо не се случи на оваа тема затоа што играчот пред се имаше јасен став со тоа што самиот тој признава дека во блиското минато и не било баш така.

-Да, размислував да си заминам. Првите шест месеци беа комплицирани за мене и моето семејство. По Светското првенство се подобрив и можев добро да ја завршам сезоната. Бев посмирен, но почетокот беше доста тежок. Ми беше тешко да се адаптирам во клубот, -вели Рафиња кој верува дека Барса може да дојде до трофеи во оваа сезона и покрај сите проблеми пред се на финансиски план, но и составот во кој има доста млади играчи.

-Играњето за Барселона значи дека главната цел е да ги освоиме сите титули: Ла Лига, Лигата на шампионите, Копа Дел Реј, Суперкупот…Ако си во ваков клуб и не ја поставуваш таа цел, тогаш си на погрешно место, -порачува напаѓачот.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни